Трите ќерки на Силвестер Сталоне беа избрани за мисици на Златен глобус, па по тој повод атрактивните девојки присуствуваа на настан на кој беа објавени номинациите за престижните награди.
Во Калифорнија, 20-годишната Софија, 18-годишната Систин и 14-годишната Скарлет привлекуваа внимание во модерни коммбинации во црна, бела и бежова боја.


Славните сестри ќе помагаат во доделување на престижните награди на манифестацијата во јануари следната година. „За првпат во историјата на Златен глобус, гордо избравме не една, туку три Мис Златен Глобус претставнички. Сестрите Сталоне ќе ја продолжат долгогодишната традиција на врачување на статуетки на церемонијата. Секоја од овие млади дами има постигнато успех, независно дали тоа е во образованието, спортот или модата“ – изјавил Лорензо Сорија, претседател на непрофитната организација која стои зад манифестацијата.





