Семејството Сталоне го прослави Денот на независноста на САД со фамилијарна вечера во Лондон.
Во познатиот ноќен клуб „Annabel’s“, Силвестер Сталоне, кој утре ќе наполни 72 години, беше придружуван од трите ќерки и сопругата Џенифер Флавин.
За пригодата, 21-годишната Софија избра црн фустан, 19-годишната Систин привлекуваше погледи во кариран аутфит со мини здолниште, а 16-годишната Скарлет носеше шарен мини фустан. 49-годишната Флавин изгледаше одлично во кремово-црна комбинација.
Парот стапи во брак во мај 1997 година.