Систин Сталоне заплива во филмските води.
На премиерата на својот дебитантски филм „47 Meters Down: Uncaged“, 21-годишната актерка ја доби поддршката од целото свое семејство. Таа блескаше во краток син фустан додека позираше покрај татко си Силвестер, мајка си Џенифер и сестрите Софија и Скарлет.
Систин позираше и со својата колешка Корин Фокс, ќерката на Џејми Фокс.
Хоророт „47 Meters Down: Uncaged“ ќе започне да се прикажува во киносалите во петок.