Џенифер Флавин изгледа фантастично во бикини и во шестата деценија од својот живот. 52-годишната сопруга на Силвестер Сталоне беше фотографирана од папараците на одмор во Мексико и привлече лавина од комплименти за својот одржан изглед.
Познатата поранешна манекенка беше придружувана од ќерките Систин, Скарлет и Софија, кои го наследија нејзиниот атрактивен изглед.