Ангелот Миранда Кер се соблече за насловната страница на февруарското издание на списанието GQ. Дваесет и шестгодишната убавица го покажа своето убаво оформено тело на кое секоја жена може да му завидува.
Кер е еден од најплатените модели во светот. За периодот од јули 2008 до јуни 2009 година таа има заработено 3 милиони долари. Прекрасната австралиска убавица својата најголема слава ја постигна откако стана еден од ангелите на Victoria's Secret.
Во моментов таа е во врска со шармантниот Орландо Блум. Гледајќи ги овие фотографии можеме да видиме со што Кер го освои срцето на Блум.

