Дел од поранешните ангели на Victoria’s Secret ќе учествуваат во новото шоу на популарниот бренд, а меѓу нив е и Адријана Лима.
42-годишниот модел присуствуваше на настан во Њујорк за промоција на новиот спектакл и не помина незабележано.
Атрактивната Бразилка зачекори на розовиот тепих во црно-златна креација која ѝ ги истакна облините.
Лима на само 17-годишна возраст ја започна својата соработка со VS и дефилираше на нивното шоу во 1999 година. Таа се откажа од ангелските крилја во 2018 година, но сега, пет години подоцна, нивната соработка продолжува.
Погледнете го трејлерот кој го најавува новото VS шоу, а ќе се прикаже на 26 септември на Amazon Prime Video.