Милош Биковиќ и Ивана Малиќ се пресреќни што набрзо ќе станат родители.
35-годишниот српски актер ја сподели убавата вест на Instagram откако беше објавена фотографија на која се гледа трудничкото стомаче на Ивана. На фотографијата, парот позира во костими за капење.
На Instagram Милош напиша:
„Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважен момент во нашите животи. Не сакавме да го откриваме ова засега, но папараците нè доведоа во ситуација во која немаме избор. Ви благодариме на убавите зборови и на честитките и ги замолуваме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашите животи. Секако ќе ве контактираме кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема“.
Претходно, тие имаа објавено фотографии од заедничкиот летен одмор, но на нив не се забележуваше дека Ивана е бремена.
Парот за првпат се појави во јавност на белградската премиера на „Јужен ветер 2: Забрзување“ во 2021 година.