Милош Биковиќ ѝ предложил брак на Ивана Малиќ, а среќната девојка веќе не го крие прстенот.
Популарниот актер и атрактивната правничка се вериле пред неколку месеци. Во кратка изјава за српскиот „Блиц“, тој рекол: „Да, вистина е. Се веривме уште во летото“.
Убавата Црногорка го покажа свршеничкиот прстен на неколку Instagram фотографии од кои се гледа дека е во понапредна бременост.
Славната двојка го очекува првото дете. Според српските медиуми, станува збор за момче.
И двајцата добро криеја дека ќе станат родители, а откако осамна веста за бременоста, Биковиќ сподели: „Среќни сме што наскоро ќе станеме родители. Ова е важен, веројатно најважен момент во нашите животи. Не сакавме да го откриваме ова засега, но папараците нè доведоа во ситуација во која немаме избор. Ви благодариме на убавите зборови и на честитките и ги замолуваме медиумите и новинарите да ја почитуваат нашата одлука и интегритетот на нашите животи. Секако ќе ве контактираме кога ќе сакаме да разговараме на оваа тема“.
Парот е во врска околу две години, а првпат се појави во јавност на белградската премиера на „Јужен ветер 2: Забрзување“ во 2021 година.