Милош Биковиќ и Ивана Малиќ станаа родители. 35-годишниот српски актер и неговата вереница добија син.
Убавата вест ја објави Милош на социјалните мрежи. Тој сподели цртеж од мајка, татко и дете, по што започнаа да се редат честитки за новите родители.
Ивана се породила во приватна болница во Белград, а на свет донела здраво бебе.
Парот објави дека очекува принова во септември 2023 година откако беше објавена фотографија на која се гледа трудничкото стомаче на Ивана.
Биковиќ и Малиќ за првпат се појавија во јавност на белградската премиера на „Јужен ветер 2: Забрзување“ во 2021 година.