Мајли Сајрус и Лиам Хемсворт и официјално се разделија. Парот потврди дека ја раскина свршувачката.

Неколку месеци странските медиуми пишуваа за проблемите во врската на 20-годишната пејачка и 23-годишниот актер. Како главни причини за љубовните „турбуленции“ беа наведувани интересот на Лиам кон актерката Џенуари Џонс и новиот провокативен имиџ на Мајли.
Лиам ѝ предложи брак на Мајли на 31 мај минатата година. „Многу сум среќна што сум верена и се надевам на среќен живот со Лиам“ – изјави Сајрус по објавувањето на веста за свршувачката. Тие се запознаа во 2009 година, за време на снимањето на филмот „The Last Song“.