Откако Лиам Хемсворт не беше во можност да присуствува на премиерата на неговиот најнов филм, Мајли Сајрус помогна во популаризирањето на свеченоста.
26-годишната музичка ѕвезда во црвен фустан блесна на розовиот тепих по повод премиерното прикажување на „Isn't It Romantic“. Раскошната креација доаѓа од модната куќа Валентино.
Лиам бил хоспитализиран поради камен во бубрегот, а моментално закрепнува во домашна атмосфера.
Мајли се огласи на социјалните мрежи за да го објасни отсуството на нејзиниот сопруг. „За жал, тој не беше во можност да присуствува поради здравствени причини... но, тој закрепнува и ќе си издвои време за одмор/лекување. Со гордост го претставувам него и неговата неверојатна работа. Многу сум среќна што го гледам како блеска во оваа комедија! Тој е најхумористичната личност која ја познавам и сега светот може да гo види оној Лиам до кого се будам секој ден... најсреќна сум“ - напиша таа.
Лиам и Мајли стапија во брак пред речиси два месеца.