Мајли Сајрус и нејзиниот сопруг Лиам Хемсворт заедно се појавија на добротворна гала организирана од Фондацијата за истражувања за рак на дојка кај жените во Беверли Хилс.
Парот се појави во елегантно издание и изгледаше заљубено и среќно додека позираше на тепихот во циклама боја. 26-годишната актерка и пејачка зачекори во црн костум со розов акцент од Том Форд.
На свеченоста, Сајрус настапи со своите хитови „Nothing Breaks Like a Heart“, „The Climb“ и „My Generation“.
Фондацијата собира средства за поддршка на иновативни истражувања и едукативни програми насочени кон развој на поефикасни начини за рано дијагностицирање, третман и превенција на рак кај жените.
Мајли и Лиам започнаа да се состануваат во 2009 година, а стапија во брак во декември минатата година.