Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Матурската фотографија на Бијонсе со бившиот кој ја изневерувал

Матурската фотографија на Бијонсе со бившиот кој ја изневерувал

Години по разделбата со Бијонсе, Линдал Лок одлучи да проговори за неверството и сподели фотографија од матурската вечер.

Фотографијата покажува дека Бијонсе не се променила многу физички од 17-годишна возраст, кога била во врска со Лок.

Линдал Лок и БијонсеЛиндал Лок и Бијонсе

Во неодамнешно интервју Лок признал дека се чувствува ужасно за тоа што ја изневерувал Бијонсе и дека до ден-денес жали за тоа. Тие се запознале во 1993 година, но кога Бијонсе започнала да се искачува по скалите на успехот, тој започнал да ја изневерува.

„Колку поголемa ѕвезда стануваше, толку повеќе јас си мислев дека не сум доволно добар за неа. Една ноќ, кога таа не беше во градот, отидов во бар со пријатели и завршив в кревет со друга жена. Во текот на неколку години, ја изневерив околу пет пати, но не ѝ кажав додека не раскинавме. Кој изневерува жена толку убава како Бијонсе? Па, јас сум тој маж и тоа е нешто што секогаш ќе ме прогонува. Откако започна да излегува со Џеј Зи, знаев дека повеќе немаме шанса и дека не можам повторно да ја освојам“ – изјавил тој за британскиот весник „The Sun“.

Лок ја почитувал одлуката на Бијонсе да остане невина до брак. Пред неколку години Бијонсе отворено зборуваше за врската со Лок. „Кога имав 12-13 години, бев со првото момче и со него бевме заедно додека не наполнив 17 години. Јас секогаш бев верна и малку позрела. Бев премлада за тој навистина да ми биде момче, не живеевме заедно, не имавме, знаете што... Тоа беше моето единствено искуство со момче. Оттогаш имав само еден единствен маж во животот - Џеј“ – изјави таа за The Telegraph.

Судејќи според интервјуто на Лок, може да се каже дека има вистина во гласините дека песната и спотот за „Best Thing I Never Had“ биле всушност за него (во спотот млада верзија на Бијонсе оди на матурска забава со момче на кое му „шараат“ очите).

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19065 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.