Марк Антони и Надја Фереира викендов си го кажаа судбоносното „Да“.
54-годишниот пејач и неговата 23-годишна избраничка стапија во брак на церемонија на која присуствуваа многу славни личности како Дејвид и Викторија Бекам. Прославата се одржа во уметничкиот музеј „Pérez“ во Мајами.
Венчаницата на финалистката на Мис Универзум 2021 го дизајнираше Галија Лахав додека Антони му го до довери својот изглед на брендот Кристијан Диор. Фустанот на деверицата го дизајнираше Викторија Бекам, која е блиска пријателка на младенците.
Видео од големиот ден ексклузивно објави Hola USA.
За да им го честитаат бракот, голем број од нивните пријатели споделија фотографии на кои Надја носи бел костум. Фотографиите беа направени на роденденската прослава на Малума, која беше на истиот ден со свадбата.
Макс и Еми, децата на Марк од бракот со Џенифер Лопез, не беа меѓу присутните на свадбата.
Антони и Фереира ја започнаа нивната романса во февруари минатата година, а се верија во мај.
Надја беше прогласена за Мис Парагвај во 2021 година, а на изборот за Мис Универзум заврши како прва придружничка.