Марк Антони се закити со награда за хуманитарната работа која ја врши преку неговата добротворна организација „Maestro Cares“.
55-годишниот латино музичар го прими ова значајно признание на свеченоста „FGI Night Of Stars“ во Њујорк.
На овој настан, познатиот пејач ја доби поддршката од 24-годишната сопруга Надја Фереира.
Атрактивната Парагвајка, која е и поранешна Мис Универзум, изгледаше гламурозно во волуменозна креација.
Надја и Марк пред четири месеци го добија нивното прво заедничко дете. Тие стапија во брак на почетокот од оваа година.