Марк Антони и Надја Фереира за првпат се појавија на голема свеченост по стапувањето во брак и објавувањето на веста за бременоста.
54-годишниот пејач и неговата сопруга присуствуваа на 35-тото издание од доделувањето на наградите „Premio Lo Nuestro“ во Флорида. Марк нежно ѝ го галеше стомачето на 23-годишната поранешна мисица додека заедно позираа пред фоторепортерите.
Надја носеше розова креација со наметка во која изгледаше прекрасно.
На манифестацијата, Марк ја доби наградата за Најдобар тропски албум за „Pa’llá voy“. По добивањето на наградата, тој ја бакна сопругата и нејзиното трудничко стомаче.
Парот стапи во брак на 28 јануари во Мајами.
Надја му е четврта сопруга на Марк, кој претходно беше во брак со Џенифер Лопез. Ова ќе биде прво дете на Надја, додека седмо на Антони.