Марк Антони и Надја Фереира присуствуваа на најновото издание на Latin Billboard Music Awards, каде тој настапи на сцената и беше номиниран, а неговата сопруга беше поканета да додели награда.
55-годишниот пејач и 24-годишната поранешна Мис Универзум позираа пред насобраните фоторепортери и си разменија бакнеж.
На свеченоста, атрактивниот модел од Парагвај носеше креација со шлиц од Тони Вард. Надја се породи пред три месеци и на свет го донесе нивното прво заедничко дете.
Во текот на вечерта, Надја се појави на сцената во нова гламурозна креација од Рами Кади за да ја додели наградата „Артист на годината“.