Марија Ивановска го продава евровизискиот аутфит. Пејачката од Eye Que го објави за продажба костимот во кој настапи лани во Лисабон покрај нејзиниот партнер Бојан Трајковски.
На Instagram профилот на бендот, е споден линк до eBay, каде може одблиску да се разгледа креацијата и да се купи по цена од 5.000 долари (плус 127 долари за достава).
„Единствена можност да го поседувате ова иконско ремек-дело!!!“ - им порача таа на своите следбеници.
Стајлингот на Марија на Евровизија лани беше негативно оценет, а нашите претставници ја добија наградата Барбара Декс, која им се „доделува“ на најлошо облечените на музичкиот натпревар.