Вардар освои нова СЕХА титула откако во финалето на Ф4-турнирот во Скопје го совлада ППД Загреб (26-24).
Македонските ракометари еуфорично ја прославија победата и со огромна радост по четврти пат го подигнаа големиот пехар.
Непосредно по завршувањето на финалниот натпревар, на теренот настапи Eye Cue со песната „Lost and Found“ со која ќе ја претставува Македонија на Евровизија.