Eye Cue беа на турнеја во Израел за да ја промовираат песната „Lost and Found“ со која ќе нè претставуваат следниот месец на Евровизија во Лисабон.
Музичкото дуо зачекори на црвениот тепих пред забава во рамките на „Israel Calling“, четиридневен настан на кој учествуваа претставници на 25 земји.
За време на престојот Бојан Трајковски и Марија Ивановска имаа можност да ги разгледаат Ерусалим и Тел Авив, а на вечерниот концерт настапија на големата сцена и ја изведоа „Lost and Found“.
ВИДЕО
Eye Cue ќе настапат на првата полуфинална вечер, која ќе се одржи на 8 мај, и ќе се борат за влез во финалето.