Марго Роби го изговори судбоносното „ДА“. 26-годишната актерка стапи во брак со Том Акрли на интимна церемонија во Австралија.
На Instagram, ѕвездата од „Suicide Squad“ сподели фотографија на која во позадина се бакнува со својот партнер, а фокусот е ставен на блескавиот прстен на нејзината рака.

Холивудската актерка, која добива се повеќе и повеќе филмски улоги, за најважниот ден од својот живот избра бела креација со чипка и со разголени рамена.




Марго и Том се запознаа на снимањето на „Suite Française“ во 2013 година, а започнаа јавно да се состануваат го 2014 година.






