Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Барби манија: Марго Роби како барбика во едиторијал за „Вог“

Барби манија: Марго Роби како барбика во едиторијал за „Вог“

Барби манијата продолжува. Марго Роби повторно влезе во улогата на Барби, но овојпат не за филмска улога, туку за нова фотосесија за „Вог“.

32-годишната актерка изгледаше совршено во креации од познати модни куќи како Versace, Chanel, Valentino, Saint Laurent и Proenza Schouler.

Марго Роби Марго Роби Марго Роби

Во интервјуто, Марго открива дека како мала не била обожавателка на Барби и никогаш немала своја барбика. Таа сега ја глуми најпознатата кукла во новиот филм „Barbie“ режиран од Грета Гервиг.

„Барби може да стави костум и е адвокатка. Може да стави вселенски костим и е астронаут. Таа може да прави толку многу нешта и го правеше тоа во време кога жените не можеа да имаат ни своја банкарска сметка. И таа поседуваше автомобил и куќа, имаше сладок дечко кој ѝ беше како аксесоар.“

„Отсекогаш се креваше голема 'врева' за Барби. Таа беше првата женска кукла со која си играа девојчињата. И претпоставувам дека луѓето си мислеа дека тие замислуваат дека ќе станат жени, но сметам дека тоа не е сè што си замислуваа. Тие замислуваа дека ќе имаат своја куќа, свој автомобил, кариера. Мораш да веруваш дека тоа имаше некакво влијание“ – изјави Роби.

Марго Роби Марго Роби Марго Роби Марго Роби Марго Роби Марго Роби Марго Роби Марго Роби Марго Роби Марго Роби Марго Роби Марго Роби

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20842 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.