Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мараја Кери ја губи битката со тежината

Мараја Кери ја губи битката со тежината

Мараја Кери

Спектакуларната Мараја Кери во измината година очигледно ја изгуби контролата над својата тежина. Веќе тешко можат да се забележат секси облините кои таа гордо ги покажуваше во спотот на песната „Touch My Body“.

Очигледно бракот со Ник Кенон влијае лошо врз изгледот на Мараја. Младата пејачка успеала за една година да ја зголеми својата тежина со цели 20 килограми.

„Кога Мараја и Ник стапија во брак во април 2008г., таа тежеше малку повеќе од 60 килограми. Но, кога еднаш влегоа во брачните води Мараја се откажа од зеленчуците приготвувани на пареа, диетата со риба и вежбањето Пилатес и аква-аеробик.“ – изјави близок на легендарната пејачка.

„Уште од првиот ден Ник кажа дека сака Мараја да изгледа слаба и сега ја поттикнува да ја остави настрана забавата, да скрати од алкохолот и да започне да брои калории.“ - откри пред медиумите пријателка на Мараја.

После сите коментари на нејзина сметка, можеме да очекуваме Мараја да започне некоја „магична“ диета и да не изненади со нов изглед.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20933 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.