Веста за смртта на Влатко Илиевски ја шокира македонската јавност. Славниот пејач и актер синоќа беше пронајден мртов во Скопје.
Македонските музички ѕвезди со емотивни постови на социјалните мрежи се збогуваа со својот колега.
Тамара Тодевска сподели стара фотографија со Влатко и напиша: „Друже мој најсакан. Ми го скрши срцето. Не те ни гушнав за роденден. Нека ти е светол патот. Се надевам дека ти е сега подобро. Ќе ми фалиш цел живот. Те сака твоја Тами. Почивај во мир сино око мое“.
Таа и на Instagram сподели фотографија од заеднички настап. „Секогаш ќе ми недостигаш. Почивај во мир“ – стои во описот.
Каролина Гочева ја сподели песната „Гушни ме“ на Тамара и Влатко и напиша: „Драг Влатче, не можам да поверувам... Почивај во мир другар“.
Марко Маринковиќ – Слаткар сподели видео од нивна заедничка изведба на песната „Да полетам“. „Македонија изгуби голем уметник, човек и пријател. Почивај во мир Влатче“ – напиша тој.
„Ах бе другар неможам да поверувам во ова... Почивај во мир нека те чуваат ангелите! Засекогаш во срце“ - напиша Викторија Лоба.
И Дани Димитровска, Катарина Ивановска, Влатко Лозаноски, Нокаут, Зоран Џорлев, Нина Јанева, Весна Петрушевска и Александар Белов со тага се збогуваа со познатиот пејач.