Фановите на прерано починатиот музичар Влатко Илиевски со огромно задоволство го дочекаа објавувањето на неговата изведба на „Божиќна песна“ со хорот „Златно славејче“.
„Божиќна песна“ е една од најубавите детски песни, кои секогаш ги слушаме со носталгија. Музиката и аранжманот ги потпишува Кире Костов, а текстот е на Љупчо Јакимовски.
Влатко Илиевски почина на 33-годишна возраст во јули 2018 година.
