Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: „Русинка“ и Влатко не успеаја да нè однесат во финалето

ВИДЕО: „Русинка“ и Влатко не успеаја да нè однесат во финалето

Заврши второто евровизиско полуфинале. Нашиот претставник Влатко Илиевски имаше одличен настап со „Русинка“, но не успеа да ја освои публиката.

Влатко настапи 11-ти по ред, во конкуренција на 19 земји. Во финалето се пласираа: Естонија, Романија, Молдавија, Ирска, Босна и Херцеговина, Данска, Австрија, Украина, Словенија и Шведска.

Гласовите се доделуваа врз основа на телефонското гласање и мислењето на националното стручно жири од секоја држава.

Финалната вечер на Евровизија ќе се одржи на 14 мај во Диселдорф, а освен денешните полуфиналисти, за победа ќе се борат и Азербејџан, Финска, Франција, Грузија, Германија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Литванија, Русија, Србија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија.

Најголем фаворит засега е Франција со песната „Sognu“.

Еве го настапот на Влатко:

…и фаворитот Франција:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.