Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мажи со стил: Дејвид Бекам, Орландо Блум и Џеки Чен на 70-годишнината на УНИЦЕФ

Мажи со стил: Дејвид Бекам, Орландо Блум и Џеки Чен на 70-годишнината на УНИЦЕФ

Многу славни личности синоќа присуствуваа на прославата по повод 70-годишнината од постоењето на Фондот за деца при Обединетите Нации (УНИЦЕФ).

Дејвид Бекам, Орландо Блум и Џеки Чен беа дел од мажите кои со стил зачекорија на синиот тепих во седиштето на ОН во Њујорк.

41-годишниот сопруг на Викторија Бекам во елегантен костум и со насмевка позираше пред фоторепортерите, каде подоцна му се придружи и актерката Пријанка Чопра.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Како дел од прославата, Бекам претходно го вклучи осветлувањето на „Емпајар Стејт Билдинг“ и се сретна со група деца. Тој е амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ од 2005 година, а неодамна беше дел од моќна кампања против насилството врз децата.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам

На настанот, Орландо Блум пристигна во елегантен црн костум. 39-годишниот холивудски актер е амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ од 2009 година, а во таа улога минатата година ја посети и Македонија.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам

Џеки Чен стана Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ пред 12 години. На синиот тепих тој позираше со лице кое ги изгуби своите екстремитети како последица на нагазна мина.

Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам Дејвид Бекам

„УНИЦЕФ беше создадена за да им помогне и да им донесе надеж на децата чии животи и иднини се ставени во ризик. Нашата мисија не е помалку важна ниту денес. Додека УНИЦЕФ им дава надеж на децата, децата се надежта на светот за подобра иднина, за сите нас“ – изјавија од УНИЦЕФ.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20850 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.