Џорџ Клуни има нов имиџ. 63-годишниот актер си ја бојадиса косата во темно костенлива нијанса и доби поделени мислења од своите обожаватели.
Холивудскиот заводник беше фотографиран додека се поздравуваше со своите фанови во Њујорк.








Во февруари, Џорџ изјавил дека се плаши од реакцијата на сопругата Амал и децата за оваа негова промена. „Мојата сопруга ќе го мрази тоа, бидејќи ништо не прави да изгледаш постаро од постар маж кој си ја бојадисува косата“ – рекол тој.


Оваа негова промена се должи на новата улога во Бродвеј претставата „Good Night and Good Luck“.

