Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лореал во скандал поради лажна реклама

Лореал во скандал поради лажна реклама

Шерил Кол

Најголем дел од луѓето започнаа да не им веруваат на рекламите. И со право го прават тоа, затоа што денешната технологија и иновациите можат лесно да ги „прелажат“ нашите очи.

Доказ дека рекламите се присутни да нè залажуваат е последната телевизиска реклама на Лореал, за нов шампон во Велика Британија. Во неа главната улога ја има пејачката Шерил Кол, која гордо ги вее своите локни пред камерата.

И сè ќе беше како од бајка ако токму тие локни не беа успешен резултат на надградба на нејзината коса.

Сега како последица на „лажната“ реклама, Лореал наместо среќни потрошувачи, добија револтирани граѓани, кои чувствуваат одбивност кон новиот шампон и кон целиот бренд како цело.

Лореал својата одбрана ја темелат на соопштението кое се појавува за само дел од секундата во текот на рекламата и кое вели дека косата на Шерил има надградба со природни прамени.

Погледнете ја фамозната реклама, која потврдува колку засилено се промовира вештачки нереален изглед на жените.

Реклама за L'Oréal Paris Elvive Full Restore 5 - видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.