Лионел Меси присуствуваше на крштевањето на трите деца на Сеск Фабрегас, со кого се блиски пријатели.
Заедно со 31-годишниот фудбалер, на прославата беа и неговата сопруга Антонела и двата поголеми сина Тијаго и Матео.





Видео
На церемонијата беа крстени трите заеднички деца на Сеск и неговата сопруга Даниела Семан. Лиа и Капри изгледаа неодоливо во бели фустани, додека малиот Леонардо беше облечен во костум.












Претходно, Фабрегас сподели фотографии од подготовките на слаткото синче за големиот ден.



Прославата се одржа во хотелот „El Palace“ во Барселона, а цветните декорации беа дело на Távola Floral Design.














Видеа
Даниела сподели и видеа од декорациите.
Сеск и Даниела стапија во брак во минатата година, а нивната свадбена прослава се одржа на Ибица. Даниела има уште две деца од претходна врска - Џозеф и Марија.
