Дејвид и Викторија Бекам споделија фотографии од специјалниот момент пред натпреварот меѓу Интер Мајами и Шарлот.
Нивната 12-годишна ќерка Харпер го придружуваше Лионел Меси на теренот и седеше покрај него за време на церемонијата за отворање на фудбалскиот меч.
The entry of the legend Messi, accompanied by Harper, daughter of David Beckham pic.twitter.com/iiceoKMu4P
— 1OZZiil_11 (@1OZ101) August 12, 2023
Дејвид, кој е коосновач на клубот во кој игра славниот Аргентинец, на објавата напиша:
„Мојата убава девојка. Најубавата насмевка“.
49-годишната дизајнерка сподели фотографии по победата на Меси и неговата екипа.
„Уште една одлична победа синоќа во Мајами. Специјален момент за Харпер која чекореше со Лионел Меси. Бакнежи“ – напиша таа.
Викторија, Харпер и Круз седеа покрај Дејвид за време на натпреварот, додека за Меси навиваше неговата сопруга Антонела.
Викторија и Дејвид се забавуваа со Меси и Антонела по победата на Интер Мајами.