Сеск Фабрегас и Даниела Семан направија луксузна свадбена прослава на Ибица, на која присуствуваа бројни познати личности.
За големиот ден, 31-годишниот шпански фудбалер и 43-годишна Либанка му го доверија својот изглед на либанскиот дизајнер Жорж Хобеика. И двајцата беа облечени во бело. Својот изглед Даниела го надополни со накит од Nsouli Jewelry.

Двете ќерки на парот, Лиа и Капри, носеа бели невестински фустани, а бел костум носеше нивното мало синче Леонардо. Даниела има уште две деца од претходна врска - Џозеф и Марија. На црвениот тепих Џозеф позираше заедно со нив додека Марија се фотографираше со својот партнер.

















На свадбата присуствуваа повеќе врвни фудбалери, меѓу кои и Меси, Суарез, Бускетс и Пујол.

















Видеа
Вечерта, парот и гостите се пресоблекоа во полежерно издание.



Фабрегас официјално се венча со Даниела Семан во мај оваа година.











