Најмалиот син на Лионел Меси наполни една година.
31-годишниот фудбалер и неговата сакана Антонела со фотографии на Instagram му го честитаа првиот роденден на малиот Чиро.
Меси сподели фотографија од роденденската прослава.

Пред неколку дена, на фотографија со синовите Тијаго и Чиро тој напиша: „Среќен роденден, животе мој!!! Те сакаме“.
И Антонела објави фотографии од славеникот. „Среќен 1-ви роденден љубов моја. Те сакаме најмногу Чиро“ – напиша таа во описот на една од фотографиите.





Меси започна да се состанува со Антонела на 20-годишна возраст, а се познаваат од деца. Тие имаат три сина – Тијаго, Матео и Чиро.
Парот редовно споделува фотографии од децата.













