Лионел Меси се закити со уште едно важно признание. Наградата Лауреус за Спортист на годината нему му беше доделена на церемонија во Париз.
Како и секогаш, славниот фудбалер најголема поддршка доби од сопругата Антонела Рокуцо.
На свеченоста, парот изгледаше елегантно во црни стајлинзи. Антонела носеше креација со разголен грб, која ја надополни со накит од Tiffany & Co.
Лионел ја прими и наградата „Тим на годината“ за репрезентацијата на Аргентина, на која е капитен.