Лионел Меси и Антонела Рокуцо секогаш изгледаат среќно и заљубено. 33-годишниот фудбалер и неговата сакана беа фотографирани додека се бакнуваа и прегрнуваа на одмор на Ибица.
Славниот пар ужива на луксузна јахта придружуван од трите мали синчиња Тијаго, Матео и Чиро.
Лионел ја познава Антонела од 5-годишна возраст. Нивната љубовна врска започна во 2008 година, а беше крунисана со брак во 2017 година.
На јахтата со Меси, беше и Луис Суарес со сопругата и други пријатели.