Лионел Меси се закити со седмата „Златна топка“ во својата кариера. 34-годишниот фудбалер ја прими наградата на свеченост во Париз.
Успешниот спортист беше придружуван од сопругата Антонела Рокуцо и трите мали синчиња - Тијаго, Матео и Чиро.
Слатките дечиња беа дотерани во исти костуми како нивниот татко, а Антонела блескаше во металик креација.
Претходно, Меси шест пати ја освојуваше „Златната топка“ и тоа во 2009, 2010, 2011, 2012, 2015 и 2019 година.