1...2...3 и Бритни повторно е на врвот на топ листите. Новиот нејзин сингл „3“ веднаш по појавата го достигна првото место на топ листата Billboard Hot 100, што ни кажува дека Бритни воопшто не ги изгубила обожавателите и покрај многуте скандали поврзани со нејзиното име.
За тој успех, Бритни не заборави да им се заблагодари на своите обожаватели.
“
„Сакам да им се заблагодарам на сите мои обожаватели за тоа што „3“ е на врвот на Billboard Hot 100. Навистина сум благословена што ги имам најдобрите обожаватели на светот и сум многу среќна што на сите ви се допаѓа тоа што го правам, затоа што го правам за вас.“
Песната со провокативен наслов, во која се пее за секс во тројка, доби и свој спот. Спотот беше сниман на 5 и 6-ти октомври во Лос Анџелес. Во него е прикажана Бритни како танцува заводливо со машки и женски танчери, облечена во бели и црни трикоа со длабоки V деколтеа.
Погледнете го спотот на Бритни и сами оценете дали популарната поп пејачка заслужува да е на врвот.