Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага со најмногу награди на MTV EMA 2010

Лејди Гага со најмногу награди на MTV EMA 2010

Вчера вечерта се одржа 17-тото по ред доделување на европските музички награди на MTV. Ева Лонгорија одлично се справи со улогата на водителка и за време на церемонијата успеа да се преслече дури 10 пати, а со секоја нова облека имаше и нова фризура.

Ева ЛонгоријаЕва Лонгорија во улогата на водителка

Поп сензацијата Лејди Гага доби најмногу награди и тоа за Најдобар поп изведувач, Најдобар женски изведувач и Најдобра песна. Лејди Гага не ги прими лично наградите затоа што имаше настап во Будимпешта, но издвои време преку видео повик да им се обрати на своите обожаватели: „Жалам што не можам да бидам таму лично да ја примам наградата, но тука се 20 000 мали чудовишта кои ме чекаат, па морам да побрзам и да се вратам на сцената“.

Веднаш зад Гага се најде 16-годишниот Џастин Бибер. Тој доби две награди од кои едната за Најдобар машки изведувач, победувајќи ги Еминем, Ашер, Енрике Иглесијас и Кание Вест. И Бибер не присуствуваше лично да ја прими наградата, но ѝ се обрати на публиката преку сателит со зборовите: „Ова е неверојатно. Дури и не знам што да кажам. Мислам дека сите други изведувачи во оваа категорија ми се инспирација. Почестен сум да ја добијам оваа награда. Ова е големо постигнување“.

Еминем ја освои наградата за најдобар хип-хоп изведувач, а Кети Пери ја освои наградата за Најдобро видео за песната „California Gurls“.

Целосната листа на победници

Best Pop: Lady Gaga
Best Song: Lady Gaga, Bad Romance
Best Female: Lady Gaga
Best Male: Justin Bieber
MTV EMA Global Icon: Bon Jovi
Best Video: Katy Perry, California Gurls
Best Hip Hop: Eminem
Best Rock: Thirty Seconds To Mars
Free Your Mind: Shakira
Best Alternative: Paramore
Best Live: Linkin Park
Best New Act: Ke$ha
Best European Act: Marco Mengoni
Best Push Artist: Justin Bieber
World Stage: Tokio Hotel

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.