Лејди Гага во изминатиот период ретко се појавуваше на јавни настани и на јавни места, а сега ги разгори гласините дека е бремена.
Фотографии направени на свадбата на сестра ѝ Наталија поттикнаа многу коментари дека 38-годишната музичарка го очекува своето прво дете со Мајкл Полански. На дел од фотографиите споделени на социјалните мрежи, Лејди Гага е облечена во припиено црно фустанче, додека на останатите фотографии, таа чекори рака под рака со партнерот во свечена тоалета.
Претходно, Гага поттикна гласини дека е бремена со појавувањето на концертниот филм „Gaga Chromatica Ball“, кога носеше бел тесен фустан врз кој додаде дел од автомобил.
Лејди Гага и Мајкл првпат се појавија заедно на јавен настан на Супер Боул во 2020 година. Претходно, за Нова година тие беа уловени од папараците додека се бакнуваа.