Лејди Гага со силни емоции ја прими наградата за Најдобра актерка на синоќешното доделување на наградите Critics’ Choice.
32-годишната актерка и пејачка не можеше да си ги задржи солзите додека држеше говор на сцената во Санта Моника, Калифорнија. На престижната манифестација, таа се појави во креација од Келвин Клајн. Гага ја доби поддршката од Бредли Купер, кој е режисер на филмот „A Star Is Born“.
„Ти благодарам Кристијан, љубов моја. Бредли, ти си магичен режисер. А исто така и магично суштество. Никогаш не сум имала вакво искуство со режисер или актер какво што имав со тебе и ќе го ценам засекогаш. Ти истовремено беше љубовта на мојот живот и човекот зад камерата“ – рече таа во својот говор пред да им ја посвети наградата на сите кои некогаш се соочувале со алкохолизам или зависност или кои гледале блиска личност како страда.
Видеа
Lady Gaga tears up after tying for best actress with Glenn Close #CriticsChoice https://t.co/slZIvVY9SM pic.twitter.com/vsAA75S39D
— Variety (@Variety) January 14, 2019
Lady Gaga's emotional acceptance speech for her tied win for best actress #CriticsChoice pic.twitter.com/IAepNXW87Y
— Variety (@Variety) January 14, 2019
Покрај Гага, во категоријата Најдобра актерка победник беше и Глен Клоус. Талентираните филмски ѕвезди заедно позираа пред фоторепортерите.
Гага ја прими и наградата за Најдобра песна за „Shallow“.