Лејди Гага одушеви со спектакуларен настап на Супер Боул, но многумина ја занемарија нејзината посветеност и вложениот труд во изведбата и се фокусираа на критикување на нејзиното тело, поточно на нејзиниот стомак.
„Се обидов да уживам во настапот на Лејди Гага, но вниманието ми беше одвлечено од нејзиното сало кое се нишаше наоколу“, „Лејди Гага треба да прави стомачни ако сака да го покажува нејзиниот млитав стомак“, „Лејди Гага требаше да се подготвува во фитнес салата за овој настап, бидејќи тоа мало стомаче не беше симпатично“ – се дел од коментарите на социјалните мрежи.
30-годишната пејачка сподели фотографија од својот настап на Instagram заедно со порака до критичарите, во која им кажува дека си го сака телото и дека е горда на секој дел од него.

„Слушнав дека моето тело е тема на разговор, па само сакав да кажам: Јас сум горда на моето тело и треба и вие да бидете горди на вашето. Без разлика кои сте или со што се занимавате. Би можела да ви дадам милион причини зошто не треба да му удоволувате никому за да успеете. Бидете себеси, безмилосно бидете себеси. Тоа е за шампионите. Ви благодарам многу на сите за поддршката. Ве сакам“ – стои во описот на фотографијата.
Погледнете фотографии од настапот на ексцентричната музичка ѕвезда:










