Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Лејди Гага: „Адел е покрупна од мене, како никој не вели ништо за тоа?“

Лејди Гага: „Адел е покрупна од мене, како никој не вели ништо за тоа?“

Лејди Гага повторно стана мета на критичарите, откако во интервју за списанието „Stylist“ даде малку ризична забелешка за тежината за Адел. Иако веднаш потоа Гага призна дека ѝ се восхитува на Адел и дека би сакала да ја има нејзината самодоверба, тоа не ги запре негативните критики.

Лејди Гага за StylistЛејди Гага за Stylist

„Знаев за одредени фотографии кои се појавија на интернет, ми се јави мајка ми и ми рече: Се здебели?“. Сите ми кажуваа за тоа, а мене не ми беше гајле. Но, кога слушнав дека тоа е на вестите, каде што се зборува за војни, за криза во економијата и за изборите, си помислив: Ова е е***о смешно. Каков пример е тоа за младите девојки кои седат дома? Си реков, мене не ми е грижа што тие си мислат дека сум дебела, затоа што да бидам искрена, се имав здебелено 14 килограми. Адел е покрупна од мене, како така никој не вели ништо за тоа? Таа е прекрасна и сметам дека треба да ја достигнам нејзината самодоверба. Таа постави многу високи стандарди за многу жени“ – изјавила 26-годишната музичка ѕвезда.

За изјавата на Лејди Гага многумина прокоментираа дека не е на место и дека можеби не би се кревала толкава прашина за нејзиното покачување на тежината ако таа не се разголува толку многу за време на настапите. Обожавателите на Адел ја нападнаа Гага, истакнувајќи дека Адел на прв план го става музичкиот талент, за разлика од Гага, која се фокусира главно на изгледот, па затоа и е критикувана.

АделАдел

Пред неколку недели Лејди Гага се најде во медиумите поради тоа што нејзината фигура стана позаоблена. Острите критики за покачувањето на тежината ја поттикнаа актуелната музичка ѕвезда да возврати на ударот. Тогаш таа призна дека страдала од анорексија и булимија од 15 години, но и ја започна иницијативата „Body Revolution“, која ги охрабрува младите луѓе да ги сакаат своите физички недостатоци.

Лејди ГагаЕдна од фотографиите кои ја поттикнаа дискусијата за тежината на Гага

Всушност и тежината на Адел не остана далеку од устите на критичарите. Пред неколку месеци дизајнерот на Шанел, Карл Лагерфелд, ја нарече малку предебела. Но, откако по неговата изјава се крена бран од негативни реакции, тој беше принуден да ѝ се извини на Адел.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19097 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.