Кристина Димитриевска беше гостинка во емисијата „Ти реков ми рече“, каде зборуваше за својата кариера, животот како самохрана мајка и за односот со бившиот сопруг Даниел Кајмакоски.
Згодната пејачка, која е и модел, призна дека нејзиниот син Давид се нема сретнато со вториот син на Кајмакоски, кој се роди во април оваа година.
Кога беше запрашана дали Давид досега го запознал својот полубрат Стефан, Кристина рече: „Не, Давид нема полубрат, нема брат. Фамилијата е таа со којашто растеш“. Таа одби да коментира за односот со Даниел, но призна дека му посакува сè најубаво во животот.
Кристина сподели и дека нејзиниот брат му е како татко на нејзиното синче, дека го носи секаде и поминува многу време со него.
Водителот ја праша Кристина дали Давид се прашува каде е неговиот татко и зошто тој не му помага како вујко му. На тоа, Кристина одговори: „Не, не се прашува. Мојот син е израснат со мене, мајка ми, татко ми и брат ми и ние сме негово семејство.“
Димитри зборуваше за животот како самохрана мајка и сподели дека е среќна што има огромна помош од родителите.
„Тешко е да си самохрана мајка доколку немаш родители како што имам јас. Имам една познаничка којашто има две деца и е помлада од мене, таа нема поддршка од нејзините дома и е навистина тешко. Јас без моите не би била сега тука, не би го направила тој успех, моите знаат дека го правам најдоброто за иднината на моето дете“ – вели таа.
Видео:
Кристина и Даниел го добија синчето Давид во февруари 2017 година, а се разделија во 2019 година.
Во април годинава, Даниел доби второ синче со сегашната сопруга, кое се вика Стефан.