Кристина Димитриевска се истакна меѓу убавиците на „Miss Globe 2019“ и ја освои титулата „Мис фотогеничност“.
23-годишната македонска манекенка во блескав црн фустан го прими признанието на свеченоста која вечерва се одра во Улцињ, Црна Гора.
Видео
Нашата убавица носеше долг црвен фустан со златни везови во сегментот кога мисиците дефилираа во национални костими.
Видео
Кристина, која има едно дете со поранешниот сопруг Даниел Кајмакоски, не успеа да влезе во Топ 15 и да продолжи да се бори за круната.