Кристина Димитриевска влегува во светот на музиката. 23-годишната манекенка ја сними својата прва песна насловена „Сакам пак“, во соработка со македонскиот рапер и фризер Андреј Миске.
Младата тетовчанка, која беше во брак со Даниел Кајмакоски, заведува во видеозаписот.
Кристина и Даниел објавија дека се разведуваат во мај оваа година. Тие заедно имаат едно дете.