Кристина Димитриевска е нашата претставничка на „Miss Globe 2019“.
Поранешната сопруга на Даниел Кајмакоски моментално престојува во Албанија, каде оваа година ќе се одржи натпреварот за убавина.
Подготовките се веќе започнати и 60-те убавици се претставуваат пред светот во националните костими.
Погледнете како изгледа 23-годишната македонска манекенка:
![Кристина Димитриевска](/images/articles/18923/01.jpg)
![Кристина Димитриевска](/images/articles/18923/02.jpg)
![Кристина Димитриевска](/images/articles/18923/03.jpg)
Кристина постојано споделува фотографии од дружбите со останатите убавици.
![Кристина Димитриевска](/images/articles/18923/04.jpg)
![Кристина Димитриевска](/images/articles/18923/05.jpg)
![Кристина Димитриевска](/images/articles/18923/06.jpg)
Големото финале на натпреварот за убавина ќе се одржи на 21 октомври.
Кристина и Даниел објавија дека се разведуваат во мај оваа година. Тие заедно имаат едно дете.
![Кристина Димитриевска](/images/articles/18923/07.jpg)
Во 2014 година, Кристина победи на изборот за „Новогодишна убавица на Балканот“.