Новак Ѓоковиќ го совлада Карлос Алкараз во истоштувачки меч кој траеше повеќе од три часа до 1 часот по полноќ.
По победата во Мелбурн, 38-годишниот Србин се пошегува со своите деца кога ги виде дека сè уште го бодрат од публиката.
„Изненаден сум што моите деца се сè уште тука. Мислам, ве сакам, благодарам што ме поддржувате, но 1 часот е наутро. Кога ќе спиете вечерва“ – им вели тој на Стефан и Тара во видеото кое стана хит.
7-годишната Тара ги освои симпатиите на сите кога слатко му покажа на татко си на часовникот за да му даде до знаење дека е доцна.
You're on the clock, Novak
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 21, 2025
Tara Djokovic's reaction to her Dad's late-night match is priceless ️#AusOpen • #AO2025 pic.twitter.com/QqBKcAWi5h
Децата на Новак покрај нивната мајка Јелена го следеа натпреварот. Јелена доби бројни комплименти од фановите за младоликиот изглед.
Новак си обезбеди место во полуфиналето на Австралија Опен и доби прегратки од најмилите.
This hug with Stefan and the kiss with Jelena
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani2312) January 21, 2025
Wonderful family pic.twitter.com/3clFkYbQMD