Авантурата на Северина на Малдиви продолжува.
52-годишната пејачка сподели дел од моментите кои ги поминува во ресортот „Six Senses Kanuhura“. Заедно со фотографиите на кои заводливо позира во бикини, Северина им дозволи на фановите да ѕирнат што чита додека е на плажа.
Нејзин избор беше книгата „Да се умре без стрес“ од Ведрана Рудан во која се споменува и нејзиниот секс-скандал од 2004 година.
Таа објави фотографија од поглавјето „Северина, Тито, јахта и јас“, а на страницата пишува:
„Пред сто години, Северина сними ‘филм’ кој преку ноќ ја оживеа покојната Југославија. Се избришаа сите граници во ‘регионот’. Зјапавме во Северина онака како што го гледавме погребот на Тито, без текст.“
„Кога некој би ги прашал Југословените што ги возбуди најмногу откако ги имаме тие наши земји, никој не би се сетил на големите настапи на господинот доктор Туѓман, на урлањето на дипломираниот економист Милошевиќ, имињата на останатите фирери ги заборавив.“
„Настапот на Северина нема да го заборавам. Жената направи голем чекор за себе, а уште поголем за жените. Се покажа во полн сјај. Прекрасно тело, волшебна насмевка, ентузијазам, младост...“.