Катарина Ивановска имаше важен повод за славење. Македонската манекенка на специјален начин ја одбележа првата годишнина од врската со својот партнер Стефан Ханџиски.
Парот ја одведе својата љубов во Абу Даби, каде уживаше во романтични моменти и посети значајни градби и музеи.
Катарина и Стефан споделија фотографии од посетата на импресивната арапска верзија на уметничкиот музеј „Лувр“, лоцирана на островот Садијат.
Пред неколку дена, Стефан славеше роденден, а Катарина му го честиташе на интересен начин. Таа објави заедничка фотографија од посетата на Големата џамија Шеик Зајед во Абу Даби, а под неа постави фотографија од актерот Џејсон Стејтам и моделот Роузи Хантингтон-Вајтли на истата локација. „Ова можевме да бидеме ние, но... Среќен роденден Стефан“ - напиша Ивановска.
Во мај, Катарина и Стефан ја посетија Италија, а со нив заедно беа нејзините две деца од претходната врска.