Христијан Тасковски, познат како Таско, со сопругата Наташа му организираа роденденска прослава на синчето Лукијан.
28-годишниот македонски рапер позираше во складна облека со славеникот на неговиот прв роденден. Таткото и синот носеа бели кошули со црвена марама и темни кратки панталони, додека Наташа носеше долг фустан.
Парот го очекува второто дете, кое ќе биде девојче. Тие стапија во брак во 2022 година по три и пол години заедно.